Романите „Храбра кукавица“, „Мајка од магла“ , „Умрев за да оживеам“ се само дел од бесценетото книжно богатство на писателката Габриела Давидовска Баниќ, родена во Куманово, а петнаесетина години живее и работи во Хрватска.
-Кој беше најголемиот предизвик во процесот на објавување на книгите на 4 јазици во различни држави, што најмногу ја инспира во секојдневието во Ровињ и како тоа се рефлектира во нејзините дела, како да се биде успешен писател надвор од границите на родната земја? На овие и многу други теми вечерва во „СТАВ“ разговараме со храбрата писателка, поетеса, мајка, пријателка, Давидовска Баниќ.
Емисијата започнува во 20 часот.