Повеќе населени места во кумановско и Старо Нагоричане утре без електрична енергија

Поради интервенции во дистрибутивната мрежа ЕВН за утре најавува планирани прекини на електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Според РЦУК, прекини утре во период од 09:35 до 13:00 часот ќе има во населбите Перо Чичо (м.в. Магаза и Гладно поле), како и во Ајдучка чешма и село Тромеѓа.

Во истиот период прекини ќе има во сите села на подрачјето на општина Старо Нагоричане.

Без струја паралелно ќе останат и повеќе села во кумановско, меѓу кои Клечовце, Зубовце, Новосељане, Градиште, Орман, Кучкарево, Габреш, Скачковце, Колитско, Мургаш, Кутлибег, Пезово, К’шање и Кокошиње.