Повеќе населени места денеска и утре без струја

Без електрична енергија денеска и утре ќе бидат повеќе населени места во кумановскиот регион.

Денеска до 15 часот прекини на електрична енергија ќе има во делови од селата Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кшање, Кокошиње и затворот во Кшање.

Во текот на утрешниот ден, почнувајќи од 08 до 14 часот без струја ќе бидат дел од населбата Средорек, улицата „Доне Божинов“ и „Никола Тесла“. Во истиот перид без струја ќе биде и дел од селото Доброшане, како и Долно Којнаре, поточно месноста викана Маала Палестина.

Во периодот од 11:30 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе биде дел од Ајдучка чешма место викано Длабочичка.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.