Повеќе улици денеска ќе бидат без вода

Без вода во текот на денешниот ден ќе бидат повеќе локации во Куманово поради дефекти на дистрибутивната мрежа.

Oд Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека прекини во снабдувањето со вода денеска ќе има кај корисниците од улиците: „Бранко Богдански Гуцман“, „Бајрам Шабани“, „Димо Хаџи Димов“, „Јакуп Асипи“ и улицата „ЈНА“ (Фабрика ЧИК).

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите, соопштуваат надлежните.

 

Коментари

коментар(и)