Повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар (основно и средно образование)

Министерството за образование и наука објави повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за ученици во основното и средното образование и наставниците што ги подготвиле за натпреварот. 

-Натпреварот треба да биде организиран од акредитирано здружение на наставници. Барањата од ученикот, односно од неговиот наставник за исплата на парична награда за освоено прво место на натпревар на државно ниво во учебна година се доставуваат до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организиран натпреварот, се наведува во повикот на МОН.

Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави електронска пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk со која во прилог доставува и документи кои се наведени во објавениот повик.