Повик за учество во „Градска хроника: 505 фотографии, 505 години Куманово“

Националната фото унија во соработка со Фото клуб Куманово ги повикуваат сите заинтересирани да бидат дел од проектот „Градска хроника: 505 фотографии, 505 години Куманово“.

„Целта на проектот е да се отслика и долови суштината и убавината на нашиот град. Без разлика дали сте искусен фотограф, аматер или едноставно сте луѓе кои го сакаат неизмерно својот град, Ве поздравуваме и потикнуваме да ни се придружите во прикажувањето на она што го прави Куманово уникатно“, посочуваат организаторите.

Од фотографиите кои ќе пристигнат, ќе се направи селекција и од нив ќе се организира изложба во некој од локалните изложбени салони.

Доколку здруженијата успеат да ги соберат потребните материјални средства, наредната година имаат желба овој проект да прерасне во книга.

Рокот за доставување на фотографиите е 30 август годинава.