Националната установа Музеј Куманово, објави повик за учество на академските уметници од Куманово, за учество на традиционалната изложба „Кумановски Ликовни Уметници 2022“, која ќе се одржи и годинава во рамки на ноемвриските денови во градот. Крајниот рок за пријавување за учество е 15 октомври годинава.
Секој учесник на изложбата потребно е да пријави едно ликовно дело (1), по можност неизложувано, од неговата најнова продукција. Со делото треба да бидат приложени податоци од авторот (биографија), насловот и димензиите.
Изложбата ќе се реализира на 10 ноември годинава, при што ќе биде испечатен и каталог. Во текот на месец декември делата ќе бидат вратени на авторите. Изложбата „Кумановски ликовни уметници“, традиционално се реализира од 1956-тата година до денес, во чест на Денот на ослободувањето на градот.