На почетокот на октомври на пензионерите ќе им бидат исплатени повисоки пензии за три проценти. Септемвриското усогласување на пензиите во Македонија ќе се реализира според законската формула утврдена во членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Законското усогласување се спроведува двапати годишно, во март и во септември.