Повреден малолетник, возачот побегнал

Малолетен пешак во Куманово викендов бил тешко повреден откако во него удрил автомобил. Годините и иницијалите на возачот не се наведени,а истиот го напуштил местото на несреќата.

Според билтенот на МВР, во саботата попладне  на ул. „Сава Ковачевиќ“ патничко моторно возило удрило во малолетен пешак од Куманово, по што возилото го напуштило местото на несреќата.

Пешакот бил пренесен во Општа болница-Куманово каде му била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)