Повреден малолетник по удар од мопед

Тринаесетгодишно момче од липковското село Лојане било повредено откако во него удрил мопед на регионалниот пат Лојане – ГП Миратовац, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, незгодата се случила на 27.08.2025 околу 21:10 часот во СВР Куманово, по што возачот со мопедот го напуштил местото на настанот, а со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.

– Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на мопедот, стои во соопштението.