Повреден пешак во сообраќајна незгода на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка
Во сообраќајна незгода на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во близина на мостот на реката Пчиња кај с. Војник, пешак кој се движел на коловозната лента е удрен од страна на патничко возило. Пешакот е потешко повреден, односно се здобил со скршеница на едната рака., стои во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи. Дежурната екипа интервенирала на местото на настанот и по укажаната прва помош, лицето веднаш е префрлено во Ургентен Центар – Куманово на понатамошно лекување.