Пожарникарите гаснеле оџак на станбена зграда
Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден бележат две интервенции, информира Регионалниот центар за управување со кризи. Првата интервенција била на опожарена сува трева на улица Октомвриска Револуција. Втората е на опожарен оџак на станбена зграда на улица Тоде Думба. Во пожарот нема предизвикано поголема материјална штета.