Пожарникарите гаснеле сува трева во текот на вчерашниот ден

Три интервенции на екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово се евидентирани во текот на изминатото деноноќие.

Пожарникарите гаснеле опожарена сува трева на улицата „Мирче Ацев“ во населба Гоце Делчев, во атарот на село Бедиње во близина на полигонот на авто школа и во селото Отља во близина на бензинска пумпа.

Во сите три случаи причината за опожарување на сувата трева не е позната, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.