Пожарот во Никуштак и денеска активен

Пожарот во липковското село Никуштак и денеска е активен, информираат надлежните од Регионалниот центар за управување со кризи.

Според билтенот на РЦУК, пожарот вчеравечер бил проширен кон скопскиот регион, а гори нискостеблеста деградирана шума и дабова шума. И покрај гаснењето од воздух, со два авиона и хеликоптер, пожарот не е ликвидиран бидејќи стабнува збор за поголема површина.

Поради безбедносни причини, вработените од подрачното одделение на ЈП „Национални шуми“ Куманово изминатата ноќ биле повлечени од терен.

– И во кумановскиот и во скопскиот дел од пожарот интервенираат екипи на „Македонски шуми“, екипи на ТППЕ од Скопје и доброволци организирани од општина Гази Баба. На терен сè со специјализирани возила. И денеска очекуваме поддршка од воздух, изјави заменик директорот на претпријатието, Кире Михаилов, за МИА.