Полициски службеник ќе одговара за кражба на електрична енергија

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово против едно лице вработено во Полициското одделение Матејче при СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас “, соопшти МВР.

Според МВР, пријавениот причинил материјална штета од 398.847 денари.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и  професионални стандарди против полицискиот службеник поднесе  предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителни мерки да му се одземе службеното оружје и муниција, соопшти МВР.