Посебна регулација на сообраќајот заради кружниот тек
Општина Куманово ги известува граѓаните дека ќе има континуирано пренасочување на сообраќајот на крстосницата на улиците 11 Октомври и Трета МУБ, заради изградбата на кружен тек на влезот на градот.
Поради тоа, надлежните апелираат до граѓаните да се прилагодуваат и придржуваат на новонастанатата сообраќајна ситуација во наредниот период, односно до завршување на изградбата.
Целта е со модерни сообраќајни решенија да се намали метежот во сообраќајот.