Поскапе автобускиот билет за релацијата Куманово -Скопје

За 30 денари во еден правец поскапе автобуската карта за релацијата Куманово- Скопје и сега чини 150 денари.  До лани напролет билетот беше 100 денари, по што беше покачен за 20 денари, а сега достигна 150.

Цените во меѓуградскиот превоз со автобуси имаат нова цена, па така најатрактивната тура до туристичкиот појас покрај Охридското Езеро скокна над 11 евра. Односно релацијата Скопје-Охрид е со билети од 680 денари. Повратната е поефтина варијанта и за два правци до Охрид чини 930 денари.

Коментари

коментар(и)