Од вечерва на полноќ поскапуваат горивата.
Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, еуросупер БС-95 ќе се продава по 91,50 денари/литар, што значи поскапување за 4,50 денари, еуросупер БС-98 ќе чини 93,50 денари/литар, поскапување за 4,50 денари, еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава по 98 денари/литар, поскапување за 6,50 денари, екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 98,50 денари/литар, поскапување за 6 денари, мазут М-1 НС – 43,726 денари/килограм, поскапување за 0,188 денари.