Поскапуваат дел од нафтените деривати

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари за литар и со тоа ќе изнесува 90,50 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесува 92,50 денари  за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,00 денар за литар, и со тоа ќе изнесува 87,00 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 86,00 денари.

Малопродажната цена на Мазутот, се зголемува за 0,9 денари за килограм, и ќе се продава за 48,2 денари за килограм.

Коментари

коментар(и)