Потврден првиот смртен случај од сезонски грип во земјава

Институтот за Јавно здравје го потврди првиот смртен случај од сезонскиот грип. Се работи за пациент на возраст од 60 години од Скопје.

Според податоците регистрирани се 93 случаи со грип. Во меѓувреме тече вакцинацијата против грипот. Годинава над 57 000 граѓани се имунизирани со четиривалентна вакцина за заштита од сезонски вируси.

Од институтот велат дека преку Мој Термин во оваа бројка се опфатени категориите на најзагрозени граѓани кои имаат приоритет бесплатно да се вакцинираат каде спаѓааат возрасното население над 65 години, хронично болните, трудниците, децата од 6 месеци до 5 години како и медицински персонал.