ВИДЕО: За општина Куманово три милиони евра од Владата и Швајцарската конфедерација – потпишани договорите за техничка и финансиска поддршка на комуналните претпријатија во РСМ

Општина Куманово ќе добие 3 милиони евра во рамките на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија”. Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски вчера присуствуваше на церемонијата на потпишувањето на договорите за техничка и финансиска поддршка во Скопје. Проектните активности се реализираат во соработка со Владата на РСМ, застапувана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на Швајцарската Конфедерација, застапувана од Државниот секретеријат за економски прашања (SECO).