Починато лице пронајдено во селото Руѓинце, Старо Нагоричане
Шеесет и едногодишен маж е пронајден починат во својот дом во селото Руѓинце, Општина Старо Нагоричане, информираат од полицијата.
Вчера околу 16 часот во кумановската полиција било пријавено дека во домот во селото Ругинце, Општина Старо Нагоричане, бил пронајден починат 61-годишен жител, велат од СВР Куманово.
По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека собата била исчадена, а починатиот бил пронајден изгорен во креветот од пожар кој настанал од неизгасена цигара.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.