505 години од постоењето и 80 години од ослободувањето на Куманово в недела ќе бидат одбележани со голем концерт на градскиот плоштад на кој ќе настапат дваесетина изведувачи на македонска музика. Концертот ќе започне во 20 часот, а ќе заврши пред полноќ.
– Сметаме дека ваков концепт на концерт не се случил никогаш претходно во Македонија и искрено се надеваме дека и останатите општини во иднина ќе го преземат овој концепт во иднина за да големите финансиски средства за вакви настани да бидат дадени на наши изведувачи, изјави Марио Арангеловски, в.д. директор на Фондација за култура и спорт
Во недела ќе пеат: Владо Јаневски, ДНК, Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски, Антониа Гиговска, 2 Бона, Слаткаристика, Ивона Јо, Наум Петрески, Маргица Антевска, Пајак, Марио Арангеловски, Куку Леле, Мартија Станојковиќ, Лука Чомбе, Миле Кузмановски, Нино Величковски, Лара Иванова, Мартинијан Кириловски, Шпенд Латифи, ДЏ Боно и Фис бенд.
Огнометот ќе се случи меѓу 21:30 и 22:00 часот.
Во меѓувреме, во текот на ноември ќе се одржат низа културни и спортски настани со цел одбележување на денот на градот.
– Спортскиот аспект почнува веќе нa осми ноември со улична трка и многу спортски манифестации, шах, тенис, пинпонг, кошарка, фудбал и многу други спортски манифестации. Имаме и дополнителни спортски натпревари кои не се вметнати во програмата, бидејќи не можат да се одржат во исто време, па некои ќе бидат и по денот на градот, изјави Александар Крстевски, раководител на Секторот за спорт и култура.