Превентивни активности на МВР во Куманово
Во текот на вчерашниот ден во рамки на Секторите за внатрешни работи Куманово, Скопје, Битола и Велес беа реализирани превентивни активности во поголемиот дел посветени на сообраќајната безбедност, злоупотребата на пиротехнички средства, како и околу заштита на граѓаните од измами.
Во рамките на СВР Куманово полициски службеници реализираа превентивна кампања со посета на основните општински училишта во Куманово, каде беше поставен едукативен материјал околу злоупотребата, односно забраната за употреба на петарди и други пиротехнички средства. Во централното градско подрачје пак, беше спроведена превентивната сообраќајна активност околу задолжителното носење и користење на зимска опрема, соопшти МВР.