Прекината семејна веселба во Куманово
На 21.03.2021 во 11.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејна куќа во Куманово се одржувала веселба односно не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија. Полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола и во куќата во сопственост на Т.М.(29) биле затекнати повеќе лица-гости. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по чл.206 од Кривичниот законик-„непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, информираат од МВР.