Премиерна епизода на квизот „Седмо небо” на Државна лотарија
Подгответе се за возбудливо патување по скалата на знаењето!
Чекор по чекор – до седмо небо!
Со прашања кои ве водат низ историјатот на Државна лотарија, интересни податоци ќе ви откријат: Лидија од Велес, Игор од Куманово, Биљана од Гостивар и Нури од Скопје. Ви пренесуваме дел од убавата атмосфера исполнета со насмеани лица, точни одговори и вредни награди.
Низ патувањето ќе не водат познатиот актер Дејан Лилиќ и радиоводителот Виктор Петров – Викса.
Премиерната епизода на квизот „СЕДМО НЕБО” ќе се емитува во недела, во 22:30 часот, на Канал 5.