Претепан и ограбен кумановец во Стрезовце

Триесет и петгодишен маж вчера пријавил дека во средата околу 12 часот пред угостителски објект во село Стрезовце, општина Старо Нагоричане, лице кое го познавал и уште неколку лица, со употреба на сила го внеле во патничко возило. Потоа физички го нападнале и му одзеле лични предмети и барале од него да им даде пари, по што го пуштиле да си оди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.

Коментари

коментар(и)