Во рамки на рамазанските пости, претседателот на Демократски сили на Ромите, д-р Шабан Салиу, вчеравечер повторно организираше ифтарска вечера за своите браќа и сестри, пријатели и соработници од западномакедонскиот регион.
„Ова дружење не е само прилика заедно да го поделиме оброкот, туку и момент за зајакнување на меѓусебните односи и создавање нови пријателства. Ифтарската вечера е прилика, барем за момент да ги заборавиме нашите секојдневни обврски, заедно да споделиме искуства и да разговараме на теми кои нè зближуваат, но и да се сетиме на сите оние вредности кои нè поврзуваат – почитта, разбирањето и солидарноста. Ова нека биде само еден од многуте собири во иднина, бидејќи веруваме дека ваквите моменти се значајни за нашиот личен и професионален развој“, кажа претседателот д-р Шабан Салиу, воедно министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите
Ифтарска вечерва за своите пријатели, браќа и сестри, претседателот на Демократските сили на Ромите организираше и на 14 март годинава, кога меѓу останатото, д-р Салиу порача дека „постот не е само откажување од храна и зацврстување на карактерот, постот е и момент на искажување почит на својата религија, семејството и пријателите“.
