Претставата „Синиот портокал“ утревечер ќе го отвори фестивалот „Денови на комедија“

26-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ започнува утревечер во 20 часот со претставата „Синиот портокал“ на Театар Велес. Станува збор за комедија во режија на Александар Ивановски, а по текст на Џо Пенхол. Во претставата играат Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски и Самоил Стојановски. Сценограф на претставата е Филип Коруновски.

Потоа ќе следуваат театрите од Штип, Пирот (Србија), Винковци (Хрватска), Театар Комедија, Театар Лесковац, тетовскиот, Ловеч од Бугарија, Драмски театар Скопје, а како и секоја година традиционално последната претстава ќе биде на домаќинот, Театар Куманово.

Новитет годинава е што ќе има дополнителна претстава со која ќе се затвори фестивалот на 15-ти октомври. Станува збор за претставата „Обвинителка“ пред чија изведба ќе бидат доделени наградите за најдобрата претстава, актери и сценографија од ова издание.

 

Коментари

коментар(и)