По повод одбележувањето на Денoт на Општина Чајетина, претставници од Општина Куманово присуствуваа на свечената седница, на покана на претседателот Милан Стаматовиќ и претседателот на Собранието (Скупштина) Арсен Ѓуриќ.
Посетата беше искористена за пријателски разговори меѓу двете страни, со потенцирање на досегашната успешна соработка меѓу општините, особено во областа на спортските активности, кои се пример за поврзување и во другите општествени области. Освен на спортски план, каде веќе е отпочната соработката со кумановските клубови, во наредниот период ќе следува интензивирање на соработката за прекугранична соработка и други сегменти кои се од взаемен интерес на двете збратимени општини, информираат од Општина Куманово.