Приведена кумановка за „кражба“

Ноќеска, во 01 часот и 30 минути полициски службеници привеле 41- годишна кумановка поради постоење основи на сомнение дека извршила кривично дело „кражба“. Кај неа се пронајдени и одземени лична карта и две платежни картички, сопственост на друго лице. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.