Приведена кумановка за кражба

Полициски службеници од СВР Куманово вчера ја лишиле од слобода 25 годишната кумановка М.З. поради основи на сомнение дека истиот ден влегла во две куќи во Куманово и одзела предмети и пари. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците. Кумановката била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)