Приведени двајца кумановци за кражба

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 06.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, привеле двајца кумановци на возраст од 19 и 20 години, поради постоење основи на сомнение дека со употреба на сила од гаража на улица „Пелинска“ одзеле повеќе предмети. Тие биле спроведени во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)