Приведени две лица, пронајдени околу 4.000 петарди
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Секторот за внатрешни работи Куманово ги лишиле од слобода С.М.(37 години) и А.Б.(28 години), двајцата од Куманово. При претрес во домот на А.Б., извршен со судска наредба, бил затекнат С.М. и кај него биле пронајдени околу 4.000 парчиња различни видови пиротехнички средства – петарди. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесени соодветни пријави.