Приведени жители на кумановското село Тромеѓа

Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер лишиле од слобода двајца жители на село Тромеѓа бидејќи во Драгоманце, општина Старо Нагоричане, со тврд предмет нападнале 37-годишен жител на село Добрача. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.