Приведени кумановци
Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 46-годишен кумановец бидејќи се обидел со тврд предмет да нападне 32 годишно лице во неговиот дом во Куманово. Исто така, од слобода бил лишен и 32-годишник бидејќи со тврд предмет оштетил патничко моторно возило „голф“ кое било паркирано на улицата, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.