Приведени кумановци заради поседување марихуана
Секторот за внатрешни работи информира дека викендов полициски службеници лишиле од слобода 20-годишен кумановец.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Полицијата привела и 37-годишен кумановец бидејќи и кај него била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случајот против двете лица ќе следува соодветна пријава.