Приведени сопружници за случај со новороденче

41- годишна кумановка вчеравечер пријавила дека брачен пар од с. Арачиново, скопско не ѝ го давале нејзиното новороденче, информира СВР Куманово.

Според пријавеното, пред околу четири месеци, додека била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи. Како што е пријавено, таа се породила на 18.02.2025, а на 20 февруари  излегла од болница и била пречекана од сопружниците, кои и предложиле да потпише изјава кај нотар за да може бебето неколку дена да остане кај нив. Исто така, според пријавеното, на 21.02.2025 таа го оставила бебето во нивниот дом и мажот и дал пари, а кога побарала на 23.02.2025 да си го земе, тој не ѝ го дал со образложение дека ќе остане кај нив. На 24.02.2025 околу 01.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода сопружниците.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.