Секторот за внатрешни работи соопшти дека денеска (20.11.2024) во 10.15 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода А.П.(18), Д.Г.(18) и Ј.Б.(20), сите од Куманово, додека на службен разговор биле повикани уште четворица малолетници од Куманово бидејќи во паркот „Соколана“ во Куманово физички нападнале 18-годишно момче.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.