Приведени три лица од Косово на ГП Табановце
Три лица од Косово биле приведени вчера на граничниот премин Табановце, соопштија денеска надлежните.
Според МВР, на 15.02.2023 во 02.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници привеле три лица од Косово на возраст од 18, 22 и 23 години бидејќи при пасошка контрола било констатирано дека тројцата дале на увид туѓи патни исправи. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.