Приведени тројца Срби со лажни ПЦР тестови

Лажни ПЦР тестови биле причината поради која викендов тројца Срби биле приведени на Граничниот премин Табановце.

–Тројца државјани на Република Србија на возраст од 35, 50 и 55 години биле лишени од слобода ос полициски службеници на Табановце,  поради постоење основано сомнение дека поседуваат фалсификувани ПЦР тестови, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицата се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.