Приведено е 21-годишно лице барано со потерница

На 24.03.2021 во 20:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле Н.А.(21) од с.Слупчане, кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, Н.А. е осуден на четири години затвор за извршено кривично дело  по чл.418 ст.2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.