Приведено 18-годишно лице, ја нападнало мајка си

Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 18-годишно лице.

„Во 00.30 часот, полициски службеници, го лишиле од слобода Д.Ј. (18 години) од Куманово затоа што претходно во домот агресивно се однесувал кон неговата мајка и оштетил дел од покуќнината“-стои во известувањето од МВР.

Исто така, при преглед кај него бил пронајден и одземен нож.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.