Приведен бегалец од затвор осуден на 13 години

МВР соопшти дека вчера во Скопје од страна на полициски службеници од слобода е лишен 42-годишен скопјанец  кој бил баран со потерница поради бегство од Казнено поправната установа  Затвор Куманово.

„Тој бил баран за доиздржување на казна затвор од 9 месеци и 26 дена за сторено кривично дело, а бил осуден на казна затвор од 13 години и 3 месеци“, додаваат од МВР.

Коментари

коментар(и)