Приведен дилер за издржување казна затвор

Дваесет и шестгодишен жител на кумановското село Романовце вчера бил приведен за издржување казна затвор од една година, соопшти МВР. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Приведениот бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.