Приведен државјанин на Италија на граничниот премин Табановце
МВР соопшти дека на 26.08.2024 во 09.00 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.М.С.А.(40) од Италија затоа што при извршена проверка во оперативната евиденција било констатирано дека тој и возилото кое го управувал биле барани по телеграма од СВР-Штип-ОВР Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 235 став 1 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Пробиштип за понатамошна постапка.