Приведен крадец од Куманово

Млад кумановец бил приведен утрово под сомнение дека извршил кражба од приватен имот во Куманово.

СВР Куманово информира дека полициски службеници утрово лишиле од слобода 20-годишен кумановец. Тој се сомничи дека на 31 јануари годинава одзел повеќе предмети од приватен имот на улицата „Црнотравска“ Куманово.

Крадецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.