Приведен криумчар, пронајдени лекови, цигари, казино картички

На автопатот Куманово – Скопје, утрово во 04 часот и 30 минути во близина на с.Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Биро за јавна безбедност лишиле од слобода 56-годишен државјанин на Република Турција, со живеалиште во Скопје.

При контрола во автобусот „мерцедес“ со турски национални ознаки, кој го управувал, биле пронајдени и одземени 81 кутија таблети „ксарелто“, повеќе штеки цигари, медицинско помагало, повеќе комплети брендирана спортска облека и 10.000 казино картички за кои не поседувал документација. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)