Приведен кумановец заради агресивно однесување и закана
Четириесет и тригодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на неговата девојка, соопштија надлежните од СВР Куманово. Случајот е пријавен во полицијата вчеравечер во 22 часот.
Според СВР Куманово, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.