Приведен кумановец за поседување пиротехнички средства

Полициски службеници од СВР Куманово вчера околу 17 часот лишиле од слобода 54-годишен кумановец, соопштија од СВР Куманово.  При контрола во неговиот продажен објект во населба Карпош и при претрес во неговиот магацин, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 5.500 парчиња пиротехнички средства.

Според надлежните, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)